Кој може да се квалификува?

Типови организации што може да се квалификуваат за донации од Microsoft 

Донациите од Microsoft се достапни за непрофитни организации со статус Здружение на граѓани или фондација запишани во Регистарот на здруженија и сојузи. Некои типови непрофитни организации не се прифатливи, како што се образовни институции, политички организации, здравствени мрежи и библиотеки што не се јавни.

За докажување на статусот на непрофитни организации, организациите што сакаат да се квалификуваат за учество во програмата за донации на Microsoft треба да ги поднесат следниве документи:

  • акт за основање/регистрација
  • статут на здружението на граѓани или фондацијата    
  • програмата за дејствување
  • имињата на лицата овластени за застапување на здружението на граѓани или фондацијата 

Во оваа програма не се прифатливи за учество организации што дискриминираат при вработувањето, надоместот, пристапот до обука или услуги, унапредувањето, прекинувањето на работниот однос и/или пензионирањето врз основа на раса, боја, пол, национално потекло, вероисповед, возраст, попреченост, полов идентитет или изразување, брачен статус, бременост, сексуална определба, политичка определба, членство во сојузи или ветерански статус, освен како што е дозволено со закон. За да добијат донации, организациите мора да сакаат и да можат да потврдат дека не дискриминираат врз некоја од овие основи.

Прочитајте ги критериумите за квалификување за донации од Bitdefender

Прочитајте ги критериумите за квалификување за донации од Microsoft

Прочитајте ги критериумите за квалификување за донации од SAP


Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте со нас на info@techsoupbalkans.org