Како да се регистрирате?

За да ја регистрирате вашата непрофитна организација на TechSoup Balkans, потребно е претходно да регистрирате корисничка сметка овде.

Потоа, регистрацијата на непрофитната организација се врши преку интернет-формуларот достапен овде. Ве молиме внесете ги потребните информации во сите задолжителни полиња (*) на формуларот.

Во интернет-формуларот треба да ги прикачите следниве документи:

  • акт за основање/регистрација
  • статут на здружението на граѓани или фондацијата    
  • програмата за дејствување
  • имињата на лицата овластени за застапување на здружението на граѓани или фондацијата

Доколку имате прашања во врска со процесот на регистрација или во врска со документацијата што треба да ја приложите, контактирајте со нас на info@techsoupbalkans.org

Откако ќе ги добиеме вашиот пополнет формулар за регистрација и вашата документација:

Доколку вашата организација ги исполнува потребните критериуми за прифатливост на еден или повеќе донатори, ќе ви испратиме известување на е-адресата на вашата организација што ја имате внесено во формуларот.

Имајте предвид дека различни донатори имаат различни критериуми за донации. Дури и ако не се квалификувате за донација од сегашните донатори, можно е да се квалификувате за донации од идните партнери-донатори. Ќе ги задржиме вашите информации и ќе ве известиме преку е-пошта, доколку и кога ќе ги исполните условите на таквите партнери.