Како да нарачате?

Чекор 1. Критериуми за прифатливост

Ако вашата организација е регистрирана на TechSoup Balkans и сте добиле потврда преку е-пошта дека вашата организација е квалификувана за добивање донација од најмалку еден од нашите донатори-партнери, може да поднесете барање за донација (доколку не сте сигурни за статусот на регистрацијата и квалификацијата на вашата организација, пишете ни и ќе ве упатиме низ процесот).

Чекор 2. Пријавување

Ве молиме пријавете се со корисничкото име и лозинката на вашата организација. Ако сте ја заборавиле лозинката, кликнете на врската „Ја заборавивте лозинката?“ до прозорецот за пријавување.

Чекор 3. Прелистување на производите

Може да ги разгледувате производите и да изберете да вршите пребарување според донатор или според категорија на опрема. Во секој случај, ќе видите список со достапните производи и соодветниот административен надомест. За повеќе информации, кликнете на некој производ.

Чекор 4. Изберете производи и додајте ги во кошничката

Изберете ги производите што сакате да ги додадете во кошничката. Во секое време може да видите кои производи ги имате додадено во кошничката. Откако ќе завршите со избирањето производи, може да продолжите кон прозорецот за наплата.

Во прозорецот за наплата, ќе се прикаже резиме за вашата нарачка и потврда за вашата адреса за испорака.

Чекор 5. Административен надомест

Откако ќе ја извршите трансакцијата, ќе добиете фактура преку е-пошта. Откако ќе ја добиеме уплатата за административниот надомест наведен во фактурата, ќе ја испорачаме вашата нарачка.

Имајте предвид: Програмата TechSoup Balkans ги испорачува производите на Регистрираната адреса за испорака на вашата организација.

Сите нарачки подлежат на одобрување. Во случај да не може да се прифати вашата нарачка, ќе ве известиме веднаш и автоматски ќе ви бидат вратени средствата за административниот надомест.

Повеќе информации може да најдете во делот Често поставувани прашања.

Може да очекувате да ја добиете вашата нарачка за најмногу 14 дена од датумот кога ќе ја добиеме уплатата.