BitDefender

Програмата за донации на Bitdefender преку TechSoup обезбедува антивирусен и безбедносен софтвер за прифатливи непрофитни организации и добротворни организации.

Може да го користите софтверот на Bitdefender за да ја зголемите безбедноста на компјутерите со Windows и Mac во мрежа, како и на серверите со Windows.

Прифатливост и ограничувања

Доколку е прифатлива, вашата организација може да добие до 50 кориснички лиценци во фискалната година.

Посетете ја страницата Прифатливост и ограничувања за да ја проверите прифатливоста на вашата организација за учество во оваа програма.

Bitdefender е водечки производител на безбедносен софтвер што опслужува повеќе од 500 милиони корисници во светот. Компанијата е посветена на својата цел да понуди безбедност на интернет за сите. Благодарение на таа посветеност го освојува првото место во светски рамки, доделено од реномирани организации за тестирање безбедносен софтвер, како што се AV-TEST, AV-Comparatives, Checkmark, ICSA Lab и Virus Bulletin. По повеќе од една деценија во првата борбена линија против злонамерниот софтвер и друг тип криминал на интернет, Bitdefender е лидер во иновациите во оваа индустрија.

Bitdefender се стреми за чист интернет, за да може да просперираат образованието, личната слобода и отворената размена на идеи. Компанијата има визија за интернет-свет во кој децата можат да играат слободно, тинејџерите можат да се дружат и да студираат без да стравуваат од силеџиство, а возрасните можат да водат компании, да купуваат и да учат без да им биде украден идентитетот, без банкарски измами и други непријатности.

Bitdefender работи во насока на отстранување на границите и градење на довербата во заедниците, обезбедувајќи пристап до најновите иновации и применувајќи технологија онаму каде што истата може да служи на најдобар начин. Освен комерцијалната понуда за претпријатија и домашни корисници, компанијата развива и промовира целосен асортиман од бесплатни производи за персонални компјутери, паметни телефони и таблет-компјутери. Bitdefender исто така произведува повеќе бесплатни услужни и безбедносни алатки за друштвените мрежи и соработува со училиштата и непрофитните организации за да ги заштити од онлајн-грабливци.