Microsoft

 

 

Мајкрософт - Основана во 1983, Програмата за работи од интерес на заедницата на „Мајкрософт“ беше една од првите корпоративни програми за инвестирање во заедницата во областа на индустријата на висока технологија и сега е дел од „Мајкрософт филантропис“. На крајот на краиштата, „Мајкрософт“ верува дека технологијата може да направи неверојатни нешта. Со голема страст помагаме во обезбедувањето сигурно, иновативно и различно искуство со технологијата за секого и секаде на планетата.

Нашата заложба кон граѓанството се протега многу подалеку од запознавање на луѓето со информатичката технологија. Сакаме да им помогнеме на луѓето да ја користат на начини кои имаат смисла онаму каде што живеат. Позитивните промени кои ги правиме во нашите заедници можат да направат разлика ширум светот, и затоа, преку нашите програми и партнерства, „Мајкрософт“ обезбедува поддршка на заедниците на три клучни начини: обуки за вештини за технологија, зајакнување на невладини организации преку технологија, и вклучување на нашите вработени во нивните заедници. Донациите на „Мајкрософт“ имаат поддржано повеќе од 50,000 центри за технологија во повеќе од 100 земји. Имаме долгогодишна заложба да ги користиме нашите технологии, нашата деловна експертиза, и страста и добронамерноста на нашите вработени да помогнат да го направиме светот подобар.

Посетете ја страницата на „Мајкрософт филантропис“ за да дознаете повеќе.

 

Важни промени во програмата од 1 април 2018

„Мајкрософт“ ги ажурираше понудите на производи и правилата за учество во оваа програма. Оваа промена им дозволува на „Мајкрософт“ и „Тексуп“ да продолжат да ги снабдуваат непрофитните организации со технологијата која им е потребна за да ги исполнат своите мисии.

Што е сменето?

Одредени софтверски производи од „Мајкрософт“ кои се инсталираат на компјутер (on-premises software products) повеќе не се достапни како донирани производи преку „Тексуп“. Но, овие производи наскоро ќе бидат достапни преку „Тексуп“ како производи на попуст за квалификувани непрофитни организации и библиотеки.

Квалификуваните организации повеќе не се ограничени во барањето донирани производи од максимум 10 производни групи за време на нивниот двегодишен циклус. Наместо тоа, организациите може едноставно да побараат најмногу 50 или 25 од секој дониран производ или најмногу 5 донирани серверски производи кои не користат лиценцирање по јадро за време на еден двегодишен циклус.

Што не е сменето?

Најпопуларните софтверски производи од „Мајкрософт“ кои се инсталираат на компјутер се сè уште достапни како донирани производи за квалификувани непрофитни организации и библиотеки.

Ограничувањето на барањата за донирани производи останува да се ресетира на секои две години.

Сите други правила, квалификуваност и рестрикции поврзани со програмата остануваат непроменети.

За повеќе информации посетете ја страницата на Програмата за софтверски донации на „Макрософт“ - Квалификуваност, делови и враќања

Програмата за софтверски донации на „Мајкрософт“ при „Тексуп“ обезбедува широк асортиман на софтвер за непрофитни, хуманитарни и организации со религиозен карактер и јавни библиотеки ширум [ВНЕСЕТЕ ГО ИМЕТО НА ВАШАТА ЗЕМЈА].

Програмата е еден од најпопуларните ресурси на „Тексуп“. Можете да одберете од стотиците „профешнал“ и „ентерпрајз“ производи на „Мајкрософт“ за Вашата организација.

Кои верзии на софтвер од „Макрософт“се достапни?

Имињата на производите во програмата на „Мајкрософт“ не вклучуваат броеви на верзии. Кога добивате производ, можете да одберете да ја симнете тековната верзија на софтверот или претходната верзија. Можете да најдете која верзија е тековната на страницата Тековни верзии на производи на „Мајкрософт“. Дополнително, можете да го симнете софтверот на кој било достапен јазик.

Квалификуваност и рестрикции

Посетете ја страницата за квалификуваност и рестрикции за да ја ревидирате квалификуваноста на Вашата организација за учество во програмата.

„Мајкрософт“ ги обезбедува непрофитните организации и библиотеките со максимален дел донирани производи за кои може да се испрати барање во еден двегодишен циклус.

 

За детални објаснувања околу количината на производи кои можете да ги побарате, посебните правила за јавните библиотеки и конкретните процедури кои треба да се почитуваат при враќања, посетете ја страницата Програма за софтверски донации на „Мајкрософт“ - Квалификуваност, делови и враќања.