Сега се достапни донации за Office

Сега се достапни донации за Office  

 

Најновата верзија на Microsoft Office е тука! Невладините организации, фондации и библиотеки сега може да нарачаат Office Standard и Professional, преку Microsoft Software Donation Program на TechSoup Balkans.

Најновата верзија на софтверот на Microsoft нуди голем број на нови карактеристики и предности во однос на Office 2010, вклучувајќи директна интеграција со OneDrive (онлајн флеш диск) за да ги синхронизирате вашите документи и можност да работите со неколку уреди, нови графички опции, како и можности за отворање и нивно уредување на PDF во Word. Ова значи дека можете да почнете да работите на вашите документи на вашиот десктоп, потоа да продолжите да работите на друг компјутер, лаптоп или таблет, бидејќи Office ги зачувува Вашите документи и ги прави достапни во "облакот" ("cloud").

Кои се новостите на Office?

Еден од најинтересните новости на Office е нејзината интеграција со облакот ("cloud"). Microsoft Office 365 веб апликацијата им овозможува на Вашите вработени и волонтери да креираат, уредуваат и споделуваат "онлајн" документи. На пример, можете да додадете коментари во Word документ и вашите колеги ќе може да одговорат на нив директно во истиот документ или преку е-пошта или Skype. Плус: Можете да почнете да работите на вашиот документ на вашиот компјутер, а потоа ги продолжите од каде што ќе останавте од друг компјутер или лаптоп.

 

Еден од додатоците на Word, кој веднаш ќе го забележите е способност за работа во PDF формат. За прв пат, можете да отворите PDF документ во Word формат и неговите параграфи, листи, табели и други содржини ќе бидат достапни за вас како Word документ.

 

 Word вклучува нови шаблони и создава алатки, плус автоматски ја запомнува локацијата на документот додека работите. Ова значи дека можете да го затворите документот и да се навратите подоцна, и да продолжите да работите на истото место во документот, од друг компјутер. Word сега ја вклучува и можноста за одговорање на коментари во внатрешноста на други коментари.

Последната верзија на Excel ви помага во прегледот на податоците на вашата организација на поинтуитивен и повизуелен начин. Excel препорачува табели и графики за вас, врз основа на податоците кои се обидувате да ги прикажете, и овозможува прикажување на избраните страници колаборативно преку Lync. Плус: Excel ги помни и препознава вашите шаблони и сам ја завршува обработката на останатите податоци без макро наредби.

  

Како што ги усогласувате вашите слајдови, PowerPoint, предлага варијанти на бои и шаблони, и вклучува нови алатки кои помагаат во дизајнирање и уредување на текст, графика и слики. Понапредните алатки, исто така, вклучуваат подобрен Presenter View и Power Point веб апликација која овозможува соработка во правење презентации помеѓу повеќе луѓе во вашата организација, како и надворешни експерти.

 

 OneNote - преносните компјутери, сега се, благодарни на интеграцијата на "облак" ("cloud") која е прилагодена на вашата динамика. Белешките на вашиот десктоп или лаптоп ќе бидат достапни од било кој друг компјутер, како и вашиот лаптоп и паметен телефон. Можете да ја користите OneNote мобилната апликација за Windows, iOS и Android телефоните. Доколку користите прелистувач, само отворете ја OneNote Веб апликацијата.

OneNote, исто така, овозможува интеграција на слики, видеа и Excel табели во Вашите белешки. Плус: вклучува линкови, сајтови, мапи и скици.

Outlook има нови и подобри начини за користење на вашата e-mail сметка, координирање на распоредот на вработените и волонтери, управување на социјалните мрежи, како и за подобрување на целокупната организација низ листата на задачи. Outlook, исто така, вклучува "опсег" - кој овозможува брз преглед на вашиот распоред - како и можност за споделување на календарот, така што другите може да видат кога ќе бидете на располагање.

Покрај тоа, новост на Outlook е и прегледот на временските прогнози, што овозможува брз поглед на временската прогноза во рамките на Outlook, и го олеснува секојдневното планирање, како и планирање на идните патувања.

Office е оптимизиран за Windows 8

 Организациите, исто така може да побараат надградба на Windows 8 Professional и Windows 8 Enterprise.

Со новиот дизајн кој е прилагоден на мобилните телефони, елегантните плочки наместо конвенционалните икони, на Windows 8 е комплетна новост. Задржува некои аспекти на кои сме се навикнале да ги користиме на Windows 7, но ја става "Start" иконата во функција на новиот интегриран изглед и овозможува едноставна синхронизација со услугите на "облак" ("облак") услугите.

Дознајте повеќе за Windows 8