Get Genuine производите - полесно и побрзо до лиценците

By: Anonymous
Wed, 2015-06-24 11:37

Почитувани корисници на платформата TechSoup Balkans, сакаме да Ве известиме дека Microsoft го олесни процесот на апликација за нарачка на Get Genuine производите преку едноставниот пакет Windows Pro Full Operating System - Get Genuine.

Доколку сакате на Вашите нови компјутери да го инсталирате оперативниот систем или да го лиценцирате постоечкиот Windows, се што е потребно да направите е да креирате нарачка на techsoupbalkans.org, и преку пристапот на VLSC (Microsoft Volume Licensing Service Center) да ги добиете сите потребни клучеви за лиценцирање.

Уште еднаш, сакаме да напоменеме дека Get Genuine лиценците можете да ги добиете само еднаш во две-годишниот циклус, додека лиценците секако остануваат трајно Ваши.

Исто така, кога креирате нарачки, секогаш креирајте посебна нарачка за Get Genuine производите, и една посебна нарачка за сите други софтвери.

Доколку имате било какви прашања Ве молиме контактирајте не на info@techsoupbalkans.org, нашиот тим со задоволство ќе Ви одговори.