Symantec пристигна на Балканот: Набавете ја Вашата донација за софтвер преку TechSoup Balkans

Symantec_slider.png

Ни претставува особено задоволство да објавиме дека програмата за донации на „Symantec“ е достапна на Балканот преку нашата платформа за донации на софтвери TechSoup Balkans (www.techsoupbalkans.org).

Програмата за донации на „Symantec“ при TechSoup ги предвидува „Symantec Enterprise“ и „Symantec Norton“ софтверите за квалификуваните непрофитни и хуманитарни организации за земјите од Балканот, меѓу кои се Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Хрватска, Македонија, Албанија и Косово.

Производите на „Symantec Enterprise“ се наменети за да ја подобрат сигурноста на повеќе мрежно поврзани компјутери. Донациите на „Symantec“ вклучуваат производи кои може да се користат во мали и средни претпријатија но, и во големи претпријатија исто така.

Овие производи можат да ја подобрат безбедноста и работата на посебни уреди кои не се дел од менаџираните мрежи во корпорацијата или претпријатието.

Ги покануваме сите организации кои не се регистрирани на платформата на TechSoup Balkans (www.techsoupbalkans.org) за донации на софтвери да се регистрираат и да аплицираат за донација.

Програмата за донации на TechSoup Balkans нуди широка понуда на софтверски решенија за непрофитни организации и јавни библиотеки, и тие треба само да платат административна такса. За да ги набавите софтверските решенија преку оваа платформа и да добиете донации треба прво да се регистрирате преку следнава врска: https://www.techsoupbalkans.org/user/register.

Донацијата е наменета за непрофитни организации кои во Регистарот на здруженија и сојузи имаат статус на здружение на граѓани или фондација.